ПСЖ бара 40 000 евра за Јагањац

Пари Сен Жермен го омекна ставот околу продажбата на хрватскиот талент Халил Јагањац. Македонскиот Металург цело лето се обидува да ги предомисли Бруно Мартини и Звонимир Сердарушиќ, откако во првиот обид беа одбиени од францускиот тим.

Напорите на Металург се интензивираа откако беше стопиран трансферот на Лука Стојановиќ, ракометарот на чешкиот Талент Плзен.

ПСЖ на Хаилил Јагањац му одреди оштета од 40.000 евра. Ова е далеку од вртоглава сума, но за клубот од „Автокоманда“ сигурно не е ниту ситница. Па сепак, Металург очекува од две места оштета (за Обрадовиќ од Висла и за Нелоски кој исто така може да добие исписница, иако таа е помала сума од таа што ПСЖ ја бара за Јагањац).

Јагањац има само 19 години и затоа оваа оштета не е ниту мала. Важи за талентиран играч, но иако е дел од ПСЖ, таму реално нема многу простор за него. Немаше ниту за Акамбре, а не пак за играч што не наполнил ниту 20 години. Сега со доаѓањето на новата супер-ѕвезда Сандер Сагосен во Париз, уште помалку ќе има место за Јагањац, па веројатно и самиот проценил дека светлата на Париз во овој момент не се добра идеја за него. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk