Црна Гора се засили за ЕП

Црногорските медиуми пушуваат дека голманот Небојша Симиќ решил да се врати на голот на репрезентацијата на Црна Гора. 
Небојша Симиќ летово потпиша договор со бундеслигашот Мелзунген, тим кој сезонава доби добра финансиска поддршка и треба да игра многу поважна улога во Германија од досега. 

Симиќ бранеше за екипата на Кристијанштад и беше еден од нивните најдобри ракометари. За Црна Гора нема настапувано три години и ги има исполнето условите да смени репрезентација. Шведска беше најзаинтересирана за него, иако без некој здрав основ беше поврзуван и за Македонија. Катар исто така беше една од опциите, со малку подобра основа да се реализира. 

Причините кои доведоа три години да не игра за Црна Гора, се разбирливи единствено за Црногорците. 

Црна Гора и Македонија се во иста група на ЕП Хрватска. Најголем дел од ракометната јавнос во Европа, очекува меѓу нас и нив да се води битката за третото место во групата, со оглед на тоа дека Германија и Словенија се на хартија многу поголеми фаворити. 

Враќањето на Симиќ во тимот треба да биде сериозно сфатено. Црна Гора и без тоа имаше тим за респект, многу подобар од нивните резултати. Сега за Македонија ќе биде потешко. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk