Јуниорките отвораат со Хрватска

Машката јуниорска репрезентација вечерва ќе се бори за место во 1/4 финалето на Светското првенство, а утре на терен ќе излезе и женскиот јуниорски тим. 

Јуниорките ќе се борат на Европското првенство што ќе се одржи во Целје, Словенија. Среќата не беше на нашата страна во ждрепката, па така силите на ЕП ќе ги одмеруваме со Хрватска (утре 19 часот), со Русија и со репрезентацијата на Норвешка. 

Селектор на оваа репрезентација е Борче Марковски, а тој одведе 17 ракометарки за Словенија. Претходно, заедно со кадетската селекција која е домаќин на ЕХФ Чемпионшип, јуниорките се подготвуваа на Маврово. 

Македонија на ова Европско Првенство ќе ја претставуваат 17 ракометарки: Слободанка Кицеска, Сандра Митевска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Милевска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Сашка Филиповска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Михаела Камчевска, Јована Владева, Ања Велкова и Сара Коларовска.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk