Металург упати покана и го чека својот најдобар играч од минатата сезона, Немања Обрадовиќ, на првата прозивка на 3 август во Скопје. Тешко дека ќе го дочека. Немања Обрадовиќ веќе е во Плоцк. Позираше за официјалната клупска фотографија (втор од десно, горен ред) и најавува дека случајот ќе го решава Арбитражна комсија. Од Металург велат дека ако не се појави на прозивката, ќе биде суспендиран.
„Ќе се реши брзо. Точно е, испратија покана, но ќе видиме што ќе биде затоа што колку што сум информиран, тужба е веќе покрената“, ни изјави Обрадовиќ.
За битка низ институциите на ЕХФ е подготвен и Металург. Уште од март е информан ЕХФ дека овој случај се движи кон шините кои водат до Арбитражната комисија. Неколкупати е информирана Виена за развојот на настаните, се контактирало и со Обрадовиќ и со Висла. Комуникацијата со Полјаците се олади откако Металург ја кажа цената на исписницата за играчот.
Висла Плоцк и Немања Обрадовиќ поинаку го толкуваат договот од Металург и сигурно сметаат дека имаат доволно аргументи за да го добијат случајот, штом вака настапуваат. Металург нема да се повлече и Арбитражната комисија на ЕХФ ќе има шанса да си ги заработи парите што се плаќаат за да тие разгледаат случај.