Металург стопираше еден трансфер

Трансферот на српскиот плеј мејкер Лука Стојановиќ од Талент Плзен во Металург е стопиран. Металург веќе се имаше договорено со 19 годишниот талент за преселба во Скопје, но неговите документи не се „чисти“. Иако тоа требаше да биде чисто административна работа, на крајот излезе дека не е така. 

Чешкиот тим се уште има право да го користи овој ракометар и тие побараа отштета за да го ослободат од обврските. Договор меѓу двата клуба не е постигнат и Металург го стопираше овој трансфер.

Металург на централната бековска позиција како замена за Немања Младеновиќ го доведе црногорскиот репрезентативец Божо Ангелиќ, може да комбинира и со македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, но сакаше дополнително освежување на надворешната линија. 

Во вакви случаи често знае да се случи пресврт откако двете страни ќе заземат јасен став. Дали ќе биде така и во приказната на Стојановиќ ќе видиме, но во секој случај Металург не го очекува на првата прозивка закажана за 3 август. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk