Македонското дерби на 2 септември

СЕХА Гаспром лигата во Македонија нема да почне во предвидениот старт 29/30 август, туку три дена подоцна. Во првото коло се среќаваат Металург и Вардар, а бидејќи „црвено-црните“ на 28 август ќе играат во Доха, на Супер Глоуб, терминот за пресметката со Металург е поместена. 

Новиот термин е 2 септември. 

Првото коло во СЕХА Гаспром е диригирано. Играат екипите од иста држава со исклучок на Мешков Брест и Татран Прешов, затоа што тие се единствените претставници на Белорусија и Словачка. 
СЕХА оваа пракса ја применуваше и минатата година, а целта локалните дерби натпревари да се играат на почетокот, следствени и во првото коло од продолжението на сезоната. Така се избегнува на пример можноста во последното коло или завршната фаза од првенството да се сретнат две екипи од иста држава и да не им се даде можност на теоретичарите на заговори да ги шират своите обвиненија. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk