Јошко Петковиќ, тренер на Железничар

Јошко Петковиќ ја прекина неколкугодишната пауза и одново се враќа на тренерскиот занает. Старата лисица ќе го преземе клубот од неговиот роден град, Железничар Ниш. 

Поранешниот тренер на Металург, Вардар, Кометал Ѓ. П., селектор на женската репрезентација на Македонија, Мотор... откако замина од Македонија беше на заслужен одмор. Долго траеше неговото отсуство, но на клубот од неговиот роден Ниш му е потребна помош за одново да се крене на нозе, па Петковиќ повторно ќе биде на терен. 

Првото засилување е неговиот син, Жарко Петковиќ (35) кој своевремено играше и за Вардар. Договорени се начелно уште двајца ракометари, па Железничар можеби ќе има што да покаже во српскиот шампионат следната година. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk