Русија натурализираше играч

Додека низ Европа се дебатира дали треба да се натурализираат играчи или не, Русија предводена од Евгениј Трефилов си го одработе своето. 

Јулија Манагарова (28), најдоброто десно крило од шампионатот на Русија, доби покана за настап за олимпискиот шампион Русија. Таа е Украинка, имаше настапи за украинската репрезентација, но поради лошата состојба во украинскиот ракомет, реши да игра за Русија. 
Нејзината одлука не е нова, таа паузираше од репрезентативни настапи уште кога пристигна во 2014 во Ростов на Дон. Но, сега периодот од 3 години е истечен, таа има повеќе од 2 години живеено во Русија и условите за натурализација според ИХФ се исполнети. 

Трефилов повика 22 играчи за подготовки што ќе се одржат во Сочи. Манагарова е на списокот, а ја нема новата ракометарка на Вардар, Полина Кузњецова. Не очекувавме да ја има, но откако таа изрази подготвеност да игра за Русија, а доби целосна поддршка од нивата федерација за трансферот во Вардар, се е во рацете на Трефилов. Русија од пред две години зазема курс да не повикува за репрезентација играчи што не се од руското првенство. Таков е и овој случај, но останува да видиме дали Кузњецова ќе биде исклучок.  
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk