ПСЖ го одби Металург за Јагањац

Металург се обидува да создаде тим во кој ќе доминираат млади ракометари. Играчи кои под палката на Лино Червар во Лигата на шампионите и СЕХА Гаспром лигата ќе треба да тргнат по стапките на Марковиќ, Циндриќ, Борозан, Талески, Обрадовиќ... 

Јануш Лапајне и Лука Стојановиќ се две такви имиња, а Металург се обидуваше да го одоброволи Пари Сен Жермен покрај Лапајне да направи отстапка и за уште еден ракометар. 

Левиот бек Халил Јагањац (18) беше желба на тимот од „Автокоманда“. Два метри високиот лев бек од Риека, мина една сезона меѓу „светците“, а плановите на Нока Сердарушиќ се претстојната сезона да го има во професионалниот тим, во друштво со Никола Карабатиќ, Микел Хансен и Сандер Сагосен. 

Останува опцијата во текот на сезоната нешто да се промени, но тоа во моментов повеќе изгледа како куртоазија. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk