Македонскиот шампион и бранител на титулата во Лигата на шампионите може да биде задоволен со својата група. Вардар ги избегна двата германски тима, но сепак ќе мора да се соочи со Барселона. Фактот дека го избегна Кил на мегдан му го носи и Кире Лазаров со Нант.
Металург, пак, доби еден тежок противник во групата Д од првата фаза на Лигата на шампионите. Монпеље е единстваниот непосакуван противник меѓу екипите на Мотор Запорожје, Бешикташ, Чеховски медведи и еден квалификант, кој најверојатно ќе биде Спортинг или Татран Прешов.
ГРУПА А: Барселона, Вардар, Некар Левен, Загреб, Висла Плоцк, Сегед, Кристијанштад, Нант
ГРУПА Б: Веспрем, Кјелце, ПСЖ, Алборг, Мешков Брест , Целје, Фленсбург, Кил
ГРУПА Ц: Адемар Леон, Скјерн, Горење, Шафхаузен, Динамо Букурешт, Елверум
ГРУПА Д: Металург, Мотор Запорожје, Монпелје, Бешикташ, Чеховски медведи, квалификант