Вардарки добија лесна група во ЛШ

Ракометарките на Вардар во првата групна фаза од Лигата на шампионите ќе се сретнат со екипите на Ларвик, ФТЦ Будимпешта и најдобриот тим од квалификациската група 2, каде се тимовите на Турингер од Германија, Хорс од Шведска, Хипо од Австрија и Атлетико Гуардес од Шпанија.

Црвено-црните ракометарки во втората групна фаза ќе вкрстат со групата Д која ја предводи црногорскиот шампион Будуќност и францускиот првак Мец, а ќе ги избегнат тимовите од групите А и Б, ЧСМ Букурешт, Ѓер и рускиот првак Ростов.


ГРУПА А: ЧСМ Букурешт, Никобинг, Крим Меркатор, Висла Гдиња.

ГРУПА Б: Ѓер, Ростов, Митјиланд, Брест.

ГРУПА Ц: ЖРК Вардар, Ларвик, ФТЦ Будимпешта, Квалификациска група 2.

ГРУПА Д: Будуќност, Мец, Битегхајм, Квалификациска група 1.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk