Охрид SOS ќе учествува на 41 седница на УНЕСКО во Краков

Охрид ЅОЅ ќе учествува на 41 седница на УНЕСКО, која годинава ќе се одржи во Краков, Полска од 2 до 12 јули. Организацијата е поканета во својство на набљудувач и е единствен претставник од граѓанскиот сектор во Македонија.
„Почестени сме што ја добивме поканата бидејќи таа е доказ и потврда за нашата работа, како и за меѓународното признание на Охрид ЅОЅ во полето на заштита на светското природно и културно наследство на Македонија“, изјави м-р Емилија Апостолова Чаловска, претставничката на Охрид ЅОЅ.
Еколозите од Охрид ЅОЅ денеска и утре учествуваат и на Меѓународен форум за светско наследство во организација на  World Heritage Watch на кој ќе се претстават со трудот „Охридско Езеро: Светско културно и природно наследство под закана“ (Ohrid Lake: World Cultural and Natural Heritage in Peril)
 „Со овој труд Охрид SOS ќе ја запознае светската јавност со опасноста во која се наоѓа охридскиот регион, недоволната заштита и идните развојни проекти кои сериозно го нарушуваат и загрозуваат како природното, така и културното наследство на овој локалитет од универзално, светско значење за човештвото“, изјави м-р Апостолова Чаловска.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk