„Адидас“ произведува патики од рециклирана рибарска мрежа

 
„Адидас“ произведува патики од рециклиран отпад од океаните. Горната површина на иновативните патики на „Адидас“ е направена од рибарски мрежи кои пловат по површината на океаните и се потенцијална опасност за рибите, желките, делфините, па дури и за китовите.
Се проценува дека околу 20 милијарди пара чевли се произведуваат секоја година, а околу 300 милиони износени обувки завршуваат на депониите. Нивниот импакт врз животната средина е огромен, особено од одредени материјали од кои се направени. Истражувањата покажале дека спортските обувки, во средишниот ѓон, содржат етилен винил ацетат, кој може да се разградува и до 1.000 години. Заради тоа, група еколошки организации спроведуваат кампања за поттикнување на реупотребата на старите патики, преку собирање и транспорт во земји во развој.
Еден од најголемите светски брендови за спортска опрема, „Најки“, има активна програма за собирање на износени патики, кои потоа ги реупотребува како суровина за друга спортска опрема и патеки за трчање.  Еден од најголемите проблеми во индустријата за чевли е и отпадот кој се создава во текот на производството, заради специфичниот начин на сечење на моделите од големи табли на материјал. Овој начин остава голем отпад, дури до 30 проценти од материјалот, заради што големите брендови воведоа иновативни плетени патики. „Адидас“ и „Најки“ со најновите модели на патики плетени од почеток до крај успеваат да го намалат отпадот во производството и до 80 проценти. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk