Келце го смени претседателот

Келце има нов претседател. Холанѓанецот Бертус Сервас, по 15 години ја напушта челната позиција на клубот, но останува во бордот, во улога на потпретседател.

Информациите кои ги добивме од Полска, велат дека оваа смена нема да се одрази на начинот на кој се финансисира клубот и дека Келце и натаму ќе остане силен и со голем буџет. Промената наводно е козметичка, затоа што Сервас планира повеќе да се занимава со маркетингот на клубот, отколку со спортските детали.

Причините поради кои дошле до смена се базираат на (лоша) комуникација меѓу холандскиот бизнисмен и градот. Сега одговорноста да се занимава со администрацијата и бирократијата ќе му биде доделена на Мариан Урбан. 

Бертус Сервас инаку е Холанѓанец кој пред многу години дошол во Полска од бизнис причини, но се заљубил, оженил и останал таму. Една од неговите главни бизнис дејности е изнајмување на простор за саеми. Тој е главниот виниовник што Келце ја презема доминацијата во полскиот ракомет, а круната ја доби минатата година кога ја освои Лигата на шампионите во антологиското финале со Веспрем кога по последните 15 минути успеаја да анулираат минус од девет гола разлика и подоцна по изведување на седмерци да станат шампионите на Европа. 

фото: vtkielce.pl
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk