Палмарсон предвреме во Барса?

Исландскиот ас Арон Палмарсон ќе се пресели во Барселона уште летово, тврди шпанскиот весник Мундо депортиво. 

Палмарсон (26) има потпишано преддоговор со Барселона, важечки од 2018 година, а во меѓувреме треба да одработо уште една сезона во Унгарија. И германскиот Кил во меѓувреме се обидува да го врати назад во своите редови.

Но, откако Барселона загуби од Вардар во полуфиналето на ЛП и посебно откако стана јасно дека Барселона и Веспрем ќе се разминат во Лигата на шампионите, веројатно се до Келн, каталонците тргнаа во нова офанзива. Да го откупат договорот на Палмарсон и тој да се пресели во „Блау грана“ уште веднаш.

„Мундо депортиво“ тврди дека е само прашање на време кога Барселона ќе го комплетира овој трансфер. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk