Кил и Манхајм извисија за СП

Германија и Данска денеска ги открија имињата на градовите и салите во кои ќе се играат натпреварите од следното Светско првенство. 

Интересно, двата најголеми ракометни центри во Германија, Кил и Манхајм, кои патем имаат и одлични арени, не се меѓу градовите домаќини. 

Федерациите и ИХФ се во обид да срушат рекорд на гледаност во живо на еден мундијал и одбраа градови кои имаат големи сали, но не и голема ракометна традиција. 

Не е на одмет да повториме и дека СП ќе се игра по нов систем, па така по прелиминарната рунда, ќе се игра главна рунда, па 1/4 финале. 

Градови домаќини на мундијалот ќе бидат:

Копенхаген - Ројал Арена (13.500 гледачи)
Хернинг - Јуске Бокс Арена (15.000 гледачи)
Берлин - Мерцедес Бенц Арена (14.800 гледачи)
Минхен - Олимписка Арена (12.000 гледачи)
Келн - Ланксес Арена (20.000 гледачи)
Хамбург - Барклеј Арена (13.300 гледачи)

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk