Вујо ќе го преземе Копер (обновено)

Словенечкото првенство штотуку стана многу поинтересно, иако не по волја на двата сехалигаши и учесници во ЛШ, Целје Пивоварна Лашко и Горење. Веселин Вујовиќ ќе го преземе тимот на Копер, јавуваат словенечките медиуми, а се уште чекаме лична потврда од Вујовиќ дали договорот е запечатен или се уште е неофицијален. 

Копер на крајот на сезоната се раздели со Зоран Јовичиќ кој беше на клупата од 2013 година. Ни тие се уште не го официјализирале трансферот. 

Копер своевремено беше сериозен проект, но како што вообичаено се случува, откако се раздели со спонзорот Цимос, работите тргнаа надолу. Со Вујовиќ, една работа е сигурна, нема да им биде здодевно. А и шансите да најдат поголем спонзор им се поголеми. 

Веселин Вујовиќ потврди за g-sport.mk дека следната сезона ќе биде тренер на Копер. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk