Кинеска провинција седум дена користела само зелена енергија

Кинеската провинција Qinghai успеа седум дена да функционира исклучиво на обновливи извори на енергија. Провинцијата, која има 5 милиони жители, цела седмица се напојувала исклучиво од соларна, енергија од ветер и од хидроцентрали и на тој начин произвела енергија еднаква на употребата на 535.000 тони јаглен, без воопшто да предизвика емисии на јаглерод диоксид.
Државната електродистрибутивна мрежа на Кина одлучила да направи проба во оваа провинција од 17 до 23 јуни, со цел да докаже дека иднината на енергетиката не е задолжително врзана за фосилните горива. Во овој период Qinghai се напојувала 72 проценти од хидроцентралите, а остатокот од потребната енергија ја добила од сонцето и ветерот. Во овој дел од Кина од февруари годинава се наоѓа и најголемата соларна фарма во светот Longyangxia Dam Solar Park.
Во текот на пробниот период жителите на кинеската провинција потрошиле 1,1 милијарди киловат-часови електрична енергија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk