Сашка Ланг позитивна на допинг тест

Германската репрезентативка Сашка Ланг е суспендирана на неодредено време поради позитивни резултати на допинг тест направен на крајот на март. 

Ланг е довчераншна ракометарка на Лајпциг, а следната сезона откако овој клуб финансиски ослабе, требаше да се пресели во редовите на Турингер. Но, тој трансфер тешко дека ќе биде изведен, со оглед на тоа дека доби забрана за настап. 

Ланг (30)  има околу 70 настапи за репрезентацијата на Германија, а беше и кандидат за настап на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Германија во декември. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk