Ал Ахли се повлече од Супер Глоуб

Ал Ахли, египетскиот шампион и претставник на Африка на Супер Глоуб, официјално објави дека се повлекува од настап на Светското првенство за клубови.

Ал Ахли се повлекува од политички причини, откако Египет и уште неколку Блиско источни земји ги прекинаа сите односи со Катар. Неофицијално, замена за Ал Ахли треба да биде туниската екипа Есперанца Тунис, но засега немаме потврда од ИХФ дека така и ќе биде. Египетскиот тим официјално не откажал во ИХФ, но туниските медиуми брујат дека нивниот тим ќе игра во Доха. 

Претходно, учеството на Супер Глоуб го откажа и Ал Нор, екипата од Саудиска Арабија.
 
ИХФ можеби ќе најде замени за овие два клуба, а можно е годинава Супер Глоуб да се игра со шест екипи. Така Вардар и Фуксе Берлин би биле пласирани во полуфиналето на турнирот, додека ПСЖ, Пињеирос, Сиднеј и една катарска екипа (веројатно Ал Сад) би играле меѓусебе за пласман на „Ф4“. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk