Црногорките чекаа пет часа на аеродром

Женската репрезентација на Црна Гора цела ноќ чекала за влез во Белорусија. Црногорките слетале во Минск некаде околу 22 часот, но не им бил дозволен влез во земјата, поради некои формалности од типот печатот не бил адекватен и слично.

Црногорците реагирале и во ИХФ и во амбасади, но до моментот кога им било дозволено да излезат од аеродромот, минале пет часа. 

Црна Гора и Белорусија утре ќе го играат реванш натпреварот за пласман на СП Германија, а на првата средба црногорскот тим забележа победа од седум гола разлика (33:26), иако на полувреме водеше Белорусија (15:12) 

фото:handballme.me
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk