Почна чистка во Металург, си одат Марчец, Амин, Младеновиќ

Металург денеска аплицираше за место во Лигата на шампионите и со оглед на зголемениот рејтинг на македонскиот клупски ракомет по фајнал фор турнирот во Келн, сосема извесно дека ќе добие покана. 
Но, за да може да се натпреварува ќе му биде потребен коккурентен тим, а тоа подразбира поголеми играчки промени во тимот. 

Добрата вест за фановите на Металург е дека работите мрднале од „мртва“ точка. Ќе има исплата, се чини дека ќе застанат на нозе. Лино Червар веќе го крои новиот тим, а во него нема да има место за неколку играчи. 

Најголемо изненадување е што Червар за следната сезона нема да смета на крилото Мартин Марчец (фото). Тој се покажа во добро светло пред да се повреди, а и по тоа на моменти имаше свој блесоци. 

Немања Младеновиќ е исто така едно од имињата кои си одат. И тој за жал не можеше да се покаже во најдобро издание со оглед на тоа дека долго време беше повреден. 

Амин Јусефинеџад си оди. За него веќе одамна се зборуваше дека заминува. Едноставно, прекомплицирано е да се чува играч од Иран во Македонија. За секое гостување е потребна виза, трчање по конзулати и слично. Да се покажеше како играч од типот на неговите сонародници, браќата Естеки кои „газат“ во Романија, можеби и ќе се направеше напор, вака...

Предраг Вејин си оди. Нему му истече договорот и нема да се продолжува. 

Од македонските ракометари, единствен за кого со сигурност се знае дека ќе си оди е Горан Печенковски. Имаше каква-таква шанса да се наметне, му успеа толку колку што му успеа и сега се на прагот на разделба. 

Марко Нелоски си побара исписница, но засега нема епилог, затоа што Металург побара оштета. 

Металург од друга страна ќе се обиде да ги задржи Обрадовиќ, Арсиќ, Кузмановски и Илиќ кои се на мета на неколку клубови. Посебно Обрадовиќ кој наводно добил четири пати подобра понуда од Висла од таа што ја има во Металург и тој трансфер долго време се верува дека е готов, но не е. 

Фото: seha-lliga.com

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk