Куќата на Леброн Џејмс во Лос Анџелес била испишана со расистички графити објавија американските медиуми, а полицијата иако го истражува случајот, засега нема приведено осомничени лица за делото.
Леброн не бил во ЛА кога се случил настанот, а медиумите за да не поттикнат расизам не објавуваат што било напишано и колку графити имало. Се претпоставува дека е само еден збор „црнец“, испишан на влезната врата.
Како што се работи во НБА, веднаш беше организирана и прес конференција на која зборуваше кошаркарот на Кливленд.
„Расизмот секогаш бил дел од светот, дел од САД. Во овој момент, најважно е што моето семејство е безбедно. Без разлика колку сте богат, колку луѓе ви се восхитуваат или колку сте познат, да се биде црн во Америка е секогаш тешко“, изјави Леброн Џејмс.
Леброн Џејмс минатата година го совладаа Голден Стејт во финалната серија, а годинава истите противници потворно се среќаваат во финалето. Првиот натпревар од финалната серија се игра ноќеска, по 03 часот по полноќ.