Минаа два дена откако беше обелоденето дека Ернесто Валверде е новиот тренер на Барселона. Довчерашниот стратег на Атлетик, допатува во Барселона и веднаш ги објави дека има големи планови
„Чест ми е што сум овде. Моја задача ќе биде да ја направам Барселона уште поголема отколку што е сега“, изјави Валверде, во своето прво интервју.
Најинтересно, сепак, е кој ќе се оди од Барселона, а кој ќе дојде. Според еден дел од шпанските медиуми, Валверде ќе се откаже од услугите на Алба, Ракитиќ, Рафиња, Туран, Алкасер и тоа само во првиот бран на промени.
Што се однесува до доаѓање во Барса, засега најсериозни кандидати се прелиерлигашките фудбалери Белерин, Азпиликуета, Херера...
Но, останува да видиме откако Валверде ќе се „смести“ во возачкото седиште, какви ќе бидат неговите први потези.