Браќата Карабатиќ во ПСЖ до 2022

Најдобриот светски играч, Никола Карабатиќ (33) и неговиот четири години помлад брат Лука, потпишаа нови договори со Пари Сен Жермен, се пофалија денеска од парискиот клуб.

На само два дена до „Ф4“ турнирот во Келн, ПСЖ обезбеди потписи на браќата кои станаа икони на светскиот ракомет. Ако се тече како што треба, постариот Никола веројатно таму и ќе ја заврши кариерата со оглед на тоа дека кога новиот договор ќе истече, ќе има полни 38 години. 

Никола Карабатиќ во ПСЖ дојде во 2015, откако две сезони претходно мина во Барселона. Пред тоа играше за Кил и по тоа за Монпеље од каде што мораше да замине по познатиот скандал со обложувањата. Накратко се пресели во Екс Прованс и по тоа потпиша за Барселона со која стана и европски првак. 

Слична судбина имаше и Лука Карабатиќ, кој од 2012 до 2015 играше за Екс Прованс, пред да потпише за ПСЖ. Со овие два потписи, ПСЖ не само што си ја обезбеди иднината, туку си обезбедува и доминација. Да потсетиме, наскоро очекуваме пензионирање на Даниел Нарсис кој има уште една година од договорот, но ПСЖ веќе го обезбеди талентот број 1 во светот, Сандер Сагосен, го има во своите редови и Микел Хансен и може мирно да гледа што се случува на пазарот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk