Црногорскиот ракометар Ристо Вујачиќ по две сезони минати во Вардар Јуниор и една во Пелистер си заминува од Македонија. Негова следна дестинација е Словенија, а екипата е Рибница.
Словенечкиот клуб го претстави младиот црногорски ракометар на својата официјална веб страна (фото:
rokometno-drustvo-ribnica.si). Вујачиќ во овој клуб доаѓа на местото на уште еден ракометар кому Македонија му беше попатна станица кон Рибница - некогашниот играч на Зомимак, Ален Куленовиќ.
Пелистер, пак, полека се подготвува за нов ремонт, за кој ќе биде задолжен Стевче Алушовски кој неодамна ја презема екипата. Се споменуваат неколку нови имиња кои би дошле во пред ред од Металург, но засега се уште нема разврска. Десен бек во секој случај ќе мора да најде.