Гулден ја предводи Шведска против Македонија

Македонија и Шведска се ривали во баражот за пласман на СП Германија, закажано за декември годинава. Наскоро, на 10 јуни во Скопје и на 13 јуни во шведскиот Истад (Ystad), овие две репрезентации ќе ги одиграат двата меча, на кои големи фаворити се шведските ракометарки.
Хенрик Синел, селекторот на репрезентацијата на Шведска го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета на овие два дуела.
Преедводник на тимот ќе биде Изабела Гулден, плејмејкерот на ЧСМ Букурешт, а можеби најголемата „напаст“ за избраничките на Симе Симовски ќе биде Натали Хагман, ракометарка која следната сезона се сели од Никобинг во ЧСМ Букурешт. Таа е ракометарка од позиција десно крило, иако во овој состав е сместена меѓу десните бекови. 
Симовски засега нема одлучено со кои ракометарки Македонија ќе и им се спротивстави на Швеѓанките, но не очекуваме големи измени од тимот кој успеа да ја скрати четири и пол годишната серија на порази и да извојува победи над Исланд и Ф. Острови во квалификациите. 
Погледнете со кој состав Шведска ќе и се спротивстави на Македонија. 

Репрезентација на Шведска
Голмани:
Филипа Иден - Есбјерг (Данска)
Јохана Бундсен - Савехоф
Мартина Торн - Митјиланд (Данска)
Леви крила:
Луи Санд - Савехоф
Оливија Мелегард - Савехоф
Пикери:
Сабина Јакобсен - Митјиланд (Данска)
Улрика Тофт Хансен - Есбјерг (Данска)
Ана Лагергвист - Луги
Десни крила:
Ема Фернис - Савехоф
Даниела Густин - Рандерс (Данска)
Леви бекови:
Јасмина Робертс - Савехоф
Џени Алм - Есбјерг (Данска)
Јохана Вестберг - Никобинг (Данска)
Централни бекови:
Изабела Гулден - ЧСМ Букурешт (Романија)
Карин Стромберг - Виборг (Данска)
Десни бекови:
Натали Хагман - Никобинг (Данска)
Ида Оден - Савехоф
Хана Бломстранд - Луги
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk