Беа Џонсон е една од најгласните поборнички за ослободување од стегите на консумеризмот и за (по)едноставно живеење. Оваа Французинка, која живее во Калифорнија, денес ја сметаат за вистинско гуру за нула отпад! Од 2008 година таа успева, заедно со своето семејство, да произведе само една тегла ѓубре годишно! Преку својатаот веб-сајт страница и исклучително продаваната книга „Дом без ѓубре“ (
Zero Waste Home), која досега е преведена на 14 јазици, таа отпочна глобално движење и неуморно ги инспирира луѓето низ светот да му се спротивстават на непотребниот отпад и така да живеат (по)едноставно.
Нејзиното начело гласи „речи не, редуцирај, реупотреби, рециклирај, направи компостирај, и тоа само по тој редослед“. Ги поткопува предрасудите, покажувајќи преку сопствениот пример дека живеењето без отпад не само што може да биде живеење со стил, туку и носи значајни здравствени придобивки, како и заштеда на време и на пари. За живеењето во духот на „нула отпад“ зборувала во многубројни телевизиски емисии, како и на универзитети, корпоративни настани и ТЕДх настани и конференции низ целиот свет, вклучувајќи ги „Гугл“, „Епл“, Европскиот парламент и ООН.
Беа Џонсон гостуваше во Македонија во рамки на нејзината европска турнеја, која се надоврзува на досегашните пет, односно на низата од над повеќе од 150 говори во повеќе од 20 земји на пет континенти.
Концептот „нула отпад“ му пркоси на систематизираниот процес на произведување, консумирање и фрлање отпад. Живеењето со една тегла ѓубре годишно се чини како идеално решение за ѓубрето, со чиешто намалување, сигурно, би се намалиле алармантнотоаларматното загадување на почватаите, водатаите и на воздухот и исклучително високите стапки на малигни и респираторни заболувања. Гостувањето на Џонсон е во организација на неформалната група граѓани „Од нула до нула“, потпомогнато од „Пакомак“, Асоцијацијата за развој на нови опции – АРНО, Здружението за креативно талкање „Самоник“ и на креативниот колектив „Ококори“.