УБИЦЕ МОГ ОЦА: Втората сезона во октомври

Втората сезона од српската ТВ серија „Убице мог оца“ ќе почне да се снима во јуни, а премиерата ќе биде најверојатно во втората половина на октомври. Во моментов е актуелен кастингот за втората сезона, се договараат локациите за снимање, а најболното прашање, буџетот, е решено.

Ако, пак, прв пат слушате за оваа серија која премиерно се емитуваше на РТС минатиот октомври, тогаш треба да знаете дека е серија што не треба да ја пропуштите. Се работи за криминалистичка серија во која не глумат Никола Којо, Драган Бјелогрлиќ и другите неизбежни ликови.
Сосема нов тим и нов пристап, за актуелното секојдневие во земјата на „фиоки и фасцикли“. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk