JURASSIC WORLD 2: Се враќа и Џеф Голдблум

Џеф Голдблум или ако сакате др Јан Малколм, се враќа во битка со диносаурусите во најновото, петто по ред продолжение на Jurassic Park или поточно кажано во вториот дел на Jurassic World. 
Актерот ја објави веста на својот Твитер профил.
Голдблум не беше во последниот и финансиски најуспешниот дел од серијалот, но откако враќањето во кино салите на чудовиштата од минатото за вложените 150 милиони им донесе заработка од над 1.6 милијарди долари во Universal не штедат пари за новиот филм. 
Крис Прат и овој пат ќе ја има главната улога, а филмот премиерно треба да се појави на 8 јуни 2018 година. Во кино салите се очекува на 20 јуни. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk