KONG: Sкull Island (2017) - Или ќе го сакате или нема ни да го догледате

Љубителите на филмовите за Кинг Конг сигурно ќе уживаат речиси два часа во новата стилизирана верзија за џиновскиот горила. Другите, веројатно нема ни да издржат да го догледаат. 
Глумата не е лоша, иако сигурно нема да добијат награда ни Самуел Џексон нити пак остатокот од солидно селектираната екипа за одработеното. Ефектите исто така не се лоши, единствено што имавме впечаток дека и 2 часа се малку за да се спакува се што режисерот спакувал во проект кој чини околу 185.000.000 долари. 
На американскиот бокс офис заработи 164, низ светот уште околу 400 милиони.
На крајот повторно сè ќе се сведе на тоа дали сакате ваков тип на филмови.

П.С. На крајот, најавена е и следната акција, а по Конг истава екипа ќе го „тормози“ и легендарнто јапонско чудовиште кое одзвива на „Годзила“. Тоа е следниот проект, а во 2020 година ќа биде снимен и римејк на филмот од 1962,  „Кинг Конг vs Годзила“. 

Галерија

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk