Војводина остана без еден важен играч

Милан Милиќ своевремено беше ангажиран од екипата на Нант како потенцијал што треба да собере искуство и во даден момент да го замени Кирил Лазаров. Односно да пополни колку што ќе може од празнината што се очекуваше по повлекувањето на нашиот ас од активно играње.
Таа проценка на Нант не излезе според планот, Милан Милиќ е квалитетен играч, но за Нант многу подобро решение беше Хорхе Македа, сега и Жулиен Бос... а Милан Милиќ се врати на Балканот во дрес на Загреб, сега и на Војводина каде што е вистинско засилување. 

Но, Војводина нема да може да смета на него уште долго време. На натпреварот со Ла Риоха во Нови Сад, по 20 минути игра, Милан Милиќ заработи повреда на коленото, за која медиумите во Србија велат дека е сериозна и дека долго време ќе отсуствува од теренот. 

Македонскиот Алкалоид ќе се сретне со Војводина во Нови Сад следната недела, односно на 27 ноември. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk