Кил е најлудата вртелешка во Европа

Актуелниот германски првак, Кил, годинава е најнепредвидливиот клуб, а неговите подеми и падови се „историски“. 

Кил годинава направи големи играчки промени по кој од клубот заминаа двете најголеми ѕвезди, Сандер Сагосен и Никлас Ландин, а дојдоа нови потенцијално големи играчи како Скипаготу, пртходно Јохансен, Баланше... 

Резултатите на Кил се далеку под очекувањата. За разлика од минатата сезона во Бундеслигата кога имаше вкупно пет порази, Кил веќе во ноември нанижа пет сезонава сега е на петтото место. 
Но, ако мислите дека треба да го исклучите Кил од големите трки - се лажете. Зебрите се најнепредвидливиот тим сезонава со историски подеми и падови. 

Погледнете само како изгледа нивната серија. 

На 9 ноември беа поразени како гости кај Хановер (36-33) тоа беше нивниот петти поразе во Бунделигата сезонава.
На 12 ноември, како гостин го совладаа Рајн Некар Ловен (36-31).
На 14 ноември претрпеа историски пораз од Алборг (18-27) во Лигата на шампионите при што во првиот дел постигнаа само шест гола. 
На 19 ноември го совладаа топ фаворитот во Бундеслигата - Фуксе Берлин (30-26) и му го нанесоа првиот пораз по 12 одиграни кола и со тоа го симнаа од врвот каде што сега е Магдебург со исти бодови, но подобра гол разлика. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk