Кузмановски би можел да дебитира со ПИК Сегед

Ракинувањето на договорот со Вецлар, фаќање на нов курс во кариерата и враќање назад во Македонија на репрезентативецот Филип Кузмановски, ракометар кој е дел од перјаницата на македонскиот национален состав беше една од главните ракометни вести минатата недела. 

Трансферот е комплетиран, сега го чекаме неговото деби сезонава за зелениот тим од Битола. Административните работи колку што дознаваме се завршени, рокот за доцно пријавување (late entry) во Лигата на шампионите за претстојното коло истекува утре на пладне и веруваме нема да има административни пречки за Кузмановски да го облече дресот на Еурофарм Пелистер веќе за следниот предизвик, а тоа е одново дуел со ПИК Сегед, закажан за среда, 22 ноември. 

Дали ќе го видиме на овој меч Филип Кузмановски? Административните работи беа само едната половина од процесот. Филип Кузмановски, веруваме познато извесен период наназад немаше минутажа за Вецлар и веројатно треба да постигне извесно ниво на форма за да биде фрлен во оганот на Лигата на шампионите. 
Претстојните неколку тренинзи ќе му покажат на тренерот Бранко Ангеловски дали во среда ќе може да смета на еден од најдобрите македонски ракометари или ќе му биде потребно уште некое време за да го вклучи во системот на игра на Еурофарм Пелистер. 
Време да ја донесе одлуката има до среда, до пладне, кога вообичаено се одржува техничкиот состанок на кој се пријавува екипата за натпреварот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk