Марјан Колев доби нов договор во Франција

Македонскиот тренер Марјан Колев, ја продолжува својата успешна приказна во Франција. Денеска неговиот клуб Курнон Д Аверњ објави дека потпишале продолжување на соработката за уште една сезона, што значи дека Колев ќе го води овој клуб најмалку до јуни 2025 година. 

Курнон Д Аверњ е екипа од Про Лигата, односно втората по ранг лига во Франција и во моментов е на средината на табелата, на 10 место со добри шанси да оди напред, но и екипите зад нив не се на многу голема дистанца. Но, во продолжението на сезоната и распоред ќе биде поповолен и очекуваме оваа екипа да има сигурна позиција на табелата со можност да напредува. 

Клубот со соопштението изрази задоволство, смета дека се на вистинскиот пат и дека со Колев како тренер ќе можат да ги остварат своите амбиции. 

Марјан Колев е македонски тренер кој во моментов има едно од најбогатите резимеа (CV). Toj во оваа екипа дојде во септември 2022 година, а во Франција како тренер работи од 2013 година. Најголемиот дел од тренерската кариера го мина како тренер на екипата на Ница. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk