Се разделија Охрид и Даниел Андоновски

Левиот бек Даниел Андоновски побара од својот клуб ГРК Охрид раскин на договорот, а клубот му излезе во пресрет.
ГРК Охрид денеска информираше дека е прекината соработката со Даниел Андоновски и му посака среќа во иднина. Овој ракометар беше доста корисен за екипата кога добиваше шанса. Игра во два правца, а може да покрие во напад и други позиции кога има потреба. 

Даниел Андоновски најверојатно кариерата ќе ја продолжи во странство, каде што ќе добие поинакво искуство и со оглед на тоа дека се работи за работлив играч, веруваме и дека ќе напредува. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk