Загреб без тренер пак освои бод

Чудна екипа е Загреб, единствениот машки тим во Европа што во својата клупска историја секогаш успевал да го освои првото место во домашното првенство. 
Единствениот неосвен бастиот, покрај податокот дека во секоја сезона бил шампион, е поврзан и со податок дека (пре)често ги менува тренерите. 
Сезонава не е исклучок. Ја почна со Славко Голужа, ја продолжи со неговиот асистент Андрија Николиќ, па потоа го доведе Ненад Шоштариќ. 
Но, славниот селектор на женската репрезентација не беше на клупата на мечот со Келце на кој Загреб имаше во рацете два, на крајот успеа да спаси еден бод. Но, бод против Келце во Лигата на шампионите е еднаков на победа и тие останаа во трка за елиминациите. 

Ненад Шоштариќ има проблеми со грбот и можеби ќе треба и со операција да го решава проблемот. Не беше во состојба да ја води екипата со Келце во Загреб, прашање е дали во следното коло ќе може да го стори тоа во Полска. 

Но, куриозитет поврзан со Загреб е дека речиси сите бодови загрепчаните во ЛШ ги освоија кога на клупата беше сам Андрија Николиќ.
Почна со пораз, но во многу рамноправен дуел со ПСЖ (31-34). Потоа му нанесе катастрофа на Колстад (31-20), потоа одигра нерешено со Алборг, а сега одигра нерешено и со Келце. 
Единствените два бода што не се негови е победата на Загреб над Е. Пелистер, натпревар на кој Шоштариќ дебитираше на клупата. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk