Македонката Бисера Паскал се пресели во Макаби

Македонската ракометарка Бисера Паскал одново ќе игра во Израел. Минатата сезона таа настапуваше за екипата на Бнеи Херзлија, а сега официјализираше договор со екипата на Макаби Аразим Рамат Ган и веќе замина за Израел каде што ќе дебитира за својот нов тим. 

Екипата на Макаби Рамат Ган годинава по едно успешно минато коло во Европа, беа службено елиминирани како и сите израелски екипи затоа што немаа услови да ги играат натпреварите, па Израелската федерација порафи безбедност ги откажа сите дуели.

Македонскиот голман, во кариерата покрај настапи за Херзлија има во резимето и настапи за Тенерифе, Куманово и Металург. Дебито за новата екипа ќе го има на 27 ноември кога ќе продолжи израелскиот шампионат што беше прекинат поради познатите случувања во државата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk