ОФИЦИЈАЛНО: Кузмановски потпиша за Е. Пелистер!

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски потпиша за Еурофарм Пелистер. Само неколку часа откако Вецлар објави за спогодбениот раскин на договорот, а сите сигнали велеа дека Кузмановски ќе се врати во Битола, Е. Пелистер го потврди трансферот. 

Ни претставува особена чест и задоволство да ја информираме јавноста дека од денес нов член на Еурофарм Пелистер е македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Процесот на обединување на македонските репрезентативци и квалитетни странски засилувања продолжува и враќањето на нашиот поранешен член е одлука која оди во тој правец.
27-годишниот Кузмановски е дете на Пелистер, сите ракометни чекори ги направи во Битола и доби афирмација во нашиот дрес. Потоа се пресели во Металург, кратко играше во Еурофарм Работник, па се одлучи за интернационална кариера. Кузмановски избра германски предизвик и ја искуси Бундеслигата. Една сезона го носеше дресот на Магдебург, па три сезони настапуваше за Хановер, а од јануари годинава го носеше дресот на Вецлар.
Филип Кузмановски наскоро ќе му се стави на располагање на стручниот штаб и неговото деби се очекува деновите во Суперлигата и Лигата на шампионите. Официјалното претставување на Кузмановски како нов ракометар на Еурофарм Пелистер е закажано за понеделник 20 ноември.


Филип Кузмановски во домашниот шампионат на Македонија нема да може да игра до Плејоф, за кога и реално му е потребен на Е. Пелистер, додека за Лигата на шампионите има опција (late entry) да заигра во осмото коло. Потребно е да биде пријавен до 20 ноември кога истекува рокот за пријава на нови играчи за споменатото осмо коло во кое Е. Пелистер на домашен терен ќе игра со ПИК Сегед. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk