Германија губи уште еден играч за ЕП?

По повредите на Пол Друкс, Фабијан Виде и Филип Вебер, селекторот на Германија, Алфред Гисласон има нови главоболки. 
Се повреди десното крило на РНЛ, Патрик Гроцки. 
Незгодна нетипично за ракомет повреда има 34 годишното крило. Лигаментот на стапалото (plantar fascia) е проблемот за кој во прв момент се мислеше дека е ситна повреда што ќе биде решена со краткотрајна поштеда. 

Но, РНЛ денеска објави дека повредата е од посериозен карактер и дека тој нема да биде на располагање неколку недели. Точното време за враќање на терен не може да се предвиди. На само седум недели до почетокот на ЕП, пауза од неколку недели, воопшто не звучи оптимистички. 

Покран Гроцки, во РНЛ одамна на списокот на повредени е Уве Гензајмер, а во периодов вон строј е и Филип Ахуансу. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk