Тежок патот на Брестовац кон СП 2025

Божицата Фортуна не беше силен сојузник на Данило Брестовац при извлекувањето на групите од Азискиот шампионат кој е квалификациски турнир за место на Светското првенство 2025 година. 

Данило Брестовац како селектор на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше избран од домаќинот и еден од најсилните азиски тимови, Бахреин, а покрај нив во групата се уште и репрезентациите на Казахстан и Хонг Конг. 

Азискиот шампионат се игра со 16 репрезентации (4х4), а по две екипи од групата продолжуваат во следната фаза.

Во групите А и Б се наоѓаат следниве репрезентации: Катар, Кувајт, Оман и К. Тајпеј односно Иран, Кореја, Кина и Нов Зеланд. Во групата Ц се наоѓаат апонија, С. Арабија, Ирак и Индија. 

Ако Брестовац биде прв во групата ќе вкрсти со екипите 1А, 2Б и 1Ц
Ако бидат второпласирани ќе играат во група со 2А, 1Б и 2Ц.

Полуфиналистите на шампионатот ќе се пласираат на СП 2025, затоа што Азија за следниот мундијал има само четири загарантирани места. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk