Дали ИХФ ќе има нов претседател?

Египетскиот професор и поранешен играч на Ал Ахли од Каиро, Хасан Мустафа е на чело на Светската ракометна федерација од ноември 2000 година, цели 23 години и е претседател до најдолг стаж на оваа позиција. 
Не е тоа ништо необично, не е пракса да се менуваат често лицата на оваа позиција. На пример првиот претседател на ИХФ имаше мандат од 21 година, а претходникот на Мустафа, Австриецот Ервин Ланг беше 16 години претседател. 

Хасан Мустафа за време на своите мандати инсталираше систем што практично го прави незаменлив. Тој стана сојузник, а и негови сојузници станаа неевропските земји, а такви има многу во семејството на ИХФ. И кога ќе дојде време за гласање, Хасан Мустафа има толку голема бројчана предност што неговиот резбор е само прашање на негова волја. 

Но, Хасан Мустафа има полни 80 години, а до крајот на неговиот мандат ќе има полни 82 години и прашањето за милион долари е дали ќе оди и по нов мандат, таа опција не ја исклучуваме, а зависи пред сѐ од неговото здравје. 

Сеедно, деновиве, додека трае Супер Глоуб се појавија непотврдени информации дека во 2025, ИХФ ќе добие нов престедател. 
Се знае и името на првиот кандидат, а тоа е Мохамед бин Абдула Ал Матруд (Mohamed bin Abdullah Al-Maturoud) (на фотографијата е лево). Тој е поранешен претседател на Ракометната федерација на Саудиска Арабија и на Арапската Ракометна федерација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk