Легендарната Амареи ќе води машки клуб

Спортски фанови кои подолго следат ракомет, сигурно ќе се сетат на вонсериоскиот лев бек на репрезентацијата на Романија, Кармен Амареи, меѓудругото и од дуелите меѓу тогаш силната женска репрезентација на Македонија и уште посилниот романски состав. 
Кармен Амареи беше најдобриот стрелец на СП 1999 и една од првите ракометарки регрутирани од Ања Андерсен во дрим тимот Слагелсе со кого освои две шампионски титули во Лигата на шампионите. 

Кармен Амареи (45) стана првата жена што ќе води машки клуб во најсилната романска лига. Таа го презема кормилото на екипата на Клуж, во моментов десеттопласирана екипа на табелата. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk