РК МУЛТИ ЕСЕНС - РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 28-33 (16-16)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиески 3. Делегат: Ацо Николовски
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Василевски, Димевски 1, Костовски 2, Илиески, Петковски, Д. Узунчев 8, Петрески 1, Трајчев, Омерагиќ, Трајковски, Ѓорѓиевски, Тодески 1, Димовски 5, Јорданов 4, Карасманакис 3
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 14 мин.
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Стојаноски, Субашевски 3, Андревски, Пејковски, Стојановски, Георгиевски 6, Николов 6, Крстевски 1, Иваниќ 6, Спасовски 4, Бошковски 1, Блажевски 1, Јефиќ 4, Михајловиќ, Цветковски, Давитковски 1
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 6 мин
РК Мулти Есенс и Бутел Скопје одиграа резултаски релативно интересен меч во кој младиот скопски состав имаше одличен почеток, но на крајот пресуди искуството на гостите и не успеа да освои бодови и на својот трет суперлигашки настап.
Бутел Скопје имаше доста проблеми во првиот дел, но успеа да се консолидира во финишот на првиот дел и негативата од 10-15 да ја претвори во реми 16-16 на полувреме. На оваа серија и претходеше незгодна повреда на бекот на Мулти Есенс, Теодор Тодески кој беше изместен од рамнотежа додека беше во скок, санкционирано со исклучување од две минути.
Во вториот дел, работите отидоа во правец каков што му одговараше на Горан Кузманоски Таста. Неговата екипа го презема водството, Јефтиќ и Иваниќ успеваа да се изборат со противничката одбрана и нивното водство се одржуваше на два до три гола разлика.
Немаше пресврт од домашните, напротив резултатот се искачи на плус четири (21-25), по што умешно гостинскиот тим го одбрани до крајот на мечот за своја прва победа.
Поврзани вести