Е. Пелистер се „загреа“ за Кил

ГОЛДЕН АРТ - Е. ПЕЛИСТЕР 21-38 (10-17)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 500Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски
Голден Арт: Даскаловски, Спасовски, Трајковски, Ончев 4, Глигоров, Даев 2, Стаменковиќ 2, Шилегов 6, Јанковски, Гошевски 2, Миланов, Лешникоски, Божиновски, Милошески 3, Дрпљанин 2, Гајиќ
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер: Гедбан, Кизиќ, Кузманоски 3, Тајник 2, Борзаш 6, Радивојевиќ 2, Костески 1, Васиљев 6, Петровиќ 5, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 8, Нилсен, Пешевски 1, Сери 2
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер запиша втора суперлигашка победа во два дена. Вечерва со заменето домаќинство, во Битола гостуваше екипата на Голден Арт од Скопје.
Патем, Голден Арт во Битола дојде без тренерот Владимир Глигоров. 



Голден Арт финално мина како и Мулти Есенс ден пред нив. Конечниот резултат е 17 гола разлика за Е. Пелистер. 
Првиот дел, беше и повеќе-помалку резултатски израмнет, со тоа што Е. Пелистер водеше две до четири гола разлика. Се до резултат 10-8, по што следеше серија од 7-2 и конечен резултат од 17-10 по првите 30 минути.

За таа негатива Голде Арт се бореше уште десетина минути во вториот дел (15-22), по што следеше нова серија од 9-0 и водство од 31-15 за домашниот состав. Конечно, семафорот застана на 38-21 за битолскиот состав. 

Следниот предизвик за Е. Пелистер е меч од поинаква категорија, од Лигата на шампионите, а во Битола ќе гостува Кил

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk