Почна со ракомет, заврши со злато во атлетика

Марилејди Паулињо е новата светска шампионска во атлетската тркачка дисциплицна на 400 метри. Таа доаѓа од Доминиканската република, а нејзината спортска позадина е ракометна.

Паулињо спортската кариера ја почнала како ракометарка и била талентирана во овој спорт. Но, на еден натпревар ја гледал и министерот за спорт и ги забележал нејзините тркачки способности. Потоа и предложиле да се префрли во атлетската федерација и приказната добива поинаков тек.  
Понатаму е историја. На последното СП во атлетика одржано во Будимпешта, Паулињо со време од 48.76 постави национален рекорд и стана првата жена и вкупно само вториот индивидуален освојувач на злато на СП Атлетика од Доминиканската република. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk