Дански пикер доаѓа во Е. Пелистер!

Продолжува составувањето на екипата што следната сезона ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите. Еурофарм Пелистер носи во својот тим уште еден дански интернационалец. 
По Каспер Кисум и Кристијан Хенеберг дресот на Е. Пелистер ќе го облече и 25 годишниот пикер Андреас Јохан Нилсен. 

Овој 198 сантиметри висок играч е ракометар на Морс-Ту. Игра во два правца, типично за скандинавските линиски играчи и добро се движи и снаоѓа особено во напаѓачката формација. 
Е. Пелистер со него на надиполнува пикерската позиција, Жарко Пешевски и Денис Васиљев остануваат во екипата и следната сезона. Екипата на Морс-Ту сезонава заврши на 11 место од 14 екипи, но во плејаут за опстанок го освои првото место и обезбеди опстанок. 

Нилсен е второто ново име во Е. Пелистер за следната сезона, претходно потпиша и словенечкиот десен бек Нејц Цехте. Но, капиталните засилувања на бековската линија, допрва чекаме да ги обелодени клубот. Но, според утрото, ќе имаме квалитетен претставник во Лигата на шампионите.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk