Веспрем го симна Сегед од тронот

Веспрем за рекордно време ја испразни арената на својот најголем домашен ривал ПИК Сегед. Мајсторката во плејоф-финалето на унгарскиот шампионат се играше во Сегед, а победи Веспрем. 
Резултатот од решавачкиот натпревар е 27-31, по завршувањето на натпреварот, на Веспрем му беше доделен шампионскиот пехар. 
Таа глетка, домашните навивачи по секоја цена сакаа да ја избегнат, па доделувањето беше речиси пред празни трибини. 

 

Веспрем ja освои 27 шампионска титула во Унгарија. Последен пат беше првак во 2018-2019, потоа двапати шампион по ред стана Сегед, а еднаш во корона сезоната првенството беше прекинато. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk