Крај на кариерата на легендарниот Анди Шмит?

Неверојатен пех има швајцарскиот Луцерн пред можеби последниот меч од финалната серија за шампионска титула, дуели со Кадетен Шафхаузен. Во моментов серијата е 2-1. Криенс Луцерн победи на третиот меч по изведување на седмерци на натпревар на кој вкупниот резултат беше 50-49. 

Но, тука некаде можеби е завршена кариерата на 39 годишниот Анди Шмит, легенда на швајцарскиот и светскиот ракомет. Шмит делумно ја скина Ахиловата тетива и на еден или два меча до крајот на плејоф битката, за него сезоната е завршена. Дали ќе има сила да се врати следната сезона  е отворено прашање. 

Тука не завршува малерот за Луцер, тие го загубија и Фабијан Бом на истиот меч и тоа уште во првата минута. Фрактура на десната рака ја заврши сезоната за него. 
Повредени им се и Милош Орбовиќ (скинати мускулни влакна на раката и на ногата) и Рамон Шлумф (фрактура на нога), па нивниот тренер ќе мора да смислува стратегија против Кањељас, Один-Тор и друштвото без квартет на многу важни играчи. 

АКО НЕ ЗНАЕВТЕ: Анди Шмит станува нов селектор на машката репрезентација на Швајцарија. Репрезентација против која Македонија во јануари ќе игра на ЕП Германија 2024. Планот беше тој да ја преземе во јуни 2024 година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk