Кузмановски нема да заигра до крајот на сезоната

Македонскиот интернационалец Филип Кузмановски нема да се појави уште еднаш во дресот на бундеслигашот Вецлар во тековната сезона.
Филип Кузмановски се повреди во последната рунда од квалификациите за ЕП 2024, настрада неговиот скочен зглоб и лигаментите, но прегледите не покажаа големо оштетување и тој требаше на почетокот на овој месец да биде спремен за игра.
Во меѓувреме направи и нова снимка, на која немаше констатирано ништо поразлично од првото снимање, па останаа и прогнозите дека за дуелот со Мелзгунген одигран викендов би можел да биде во составот. 

Но, Филип Кузмановски сѐ уште има оток и реахбилитацијата се оддолжи. За среќа неговото отсуство нема да се одрази на резултатите на клубот. Вецлар успеа да обезбеди опстанок, има пет бода предност пред ривалот Минден на две кола до крајот. 
Во последните две кола, Вецлар ќе се сретне со водечкото дуо на табелата. Утре игра на гости кај Кил, а за четири дена на последниот меч, дома го пречекува тимот на Магдебург. Кузмановски не е планиран за настап на овие два меча. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk